19/04/2024
Охрид

Потребно е санирање на мостот кај Палас

Речиси сите кои шетаат по Кејот, мора да прошетаат и по мостот до старото пристаниште кај Палас. Но, за да се стигне до старото пристаниште не е така лесно.

Имено, на средината од мостот кој води до старото пристаниште недостасуваат бехатон плочки, па се отворила дупка која е полна со вода. За да се помине по мостот, потребно е да „се цапа“ низ вода или пак да се избегне водата од страна, а без заштитна ограда тоа е и по малку ризично.

WebOhrid