29/03/2024
Македонија

Повик за доставување барања за одобрување учебници по странски јазици за средно стручно образование

Врз основа на член 13 од Законот за учебници за основно и средно образование  („Службен весник на РМ„   бр.98/2008, 99/2009, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14, 146/15, 217/15, 30/16 и 21/18) МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА – Педагошка служба, објавува

ПОВИК ЗА ИСКАЖУВАЊЕ НА ЈАВЕН ИНТЕРЕС
за  доставување барања за одобрување учебници по странски јазици
за средно стручно образование

Предмет на јавниот повик: Доставување  барање за одобрување на учебници по странски јазици во  средното  стручно образование за следните наставни предмети:

1.    Англиски јазик за прва година средно стручно образование со петгодишно траење за учениците со оштетен слух за образовниот профил конфекциски техничар (текстилна струка) и машински техничар (машинска струка).

2.    Англиски јазик за прва година стредно стручно образование со четиригодишно траење за учениците со оштетен слух за образовниот прифил конфекционер (текстилна струка) и обработувач на метали и бравар заварувач (машинска струка).

Барање за одобрување  учебник по странски јазици може да побара:домашен издавач, како и издавач од друга држава во која е регистриран за издавачка дејност, преку законски застапници во Република Македонија.

 Кон барањето  заинтересираните домашни издавачи, односно издавачи од друга држава во која се регистрирани за издавачка дејност преку законски застапници во Република Македонија задолжително доставуваат:

-домашниот издавач треба да достави доказ дека е регистриран за издавачка дејност во Република Македонија,
-странскиот издавач треба да достави доказ дека е регистриран за 
издавачка дејност во државата во која му е седиштето и овластување за законски застапник во Република Македонија.
– овластениот законски застапник на странскиот издавач треба да достави договор или друг соодветен доказ дека одобрениот учебник ќе го дистрибуира во наредните 5 учебни години,
– учебниците по странски јазици се доставуваат во  пет примероци во печатена форма (во колор).

 Рокот за доставување  учебници по странски јазици  – 14.05.2018 година.

 Заинтересираните издавачи може да ги превземаат Наставните програми и Концепцијата за изработка на учебник од веб страната на Бирото за развој на образованието. www.bro.gov.mk

Ненавремено доставеното барање и/или некомплетно доставената документација нема да се земе во предвид.

Барањата за одобрување  учебници по странски јазици  да се достават на  адреса:
МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА – ПЕДАГОШКА СЛУЖБА ул. ,,Св.Кирил и Методиј“ бр.54-Скопје