28/03/2024
Охрид

Повлечена одлуката за контролирано движење во шумскиот појас на НП Галичица

Со оглед на континуираното намалување на просечните дневни температури како и зголемениот обем на врнежи во регионот, ЈУНП Галичица го издава следното соопштение:

Се отповикува одлуката за воведување на “Контролирано движење“ во шумскиот појас на паркот која беше воведена на 09.08 2019 година во согласност со член 57, став 3, од Законот за шуми, со кој се уредува контролираното движење во шумските појаси при зголемена опасност од појава на пожари.

Со тоа:

  • Сите посетитители можат да се движат во границите на паркот без барање за дозвола за “Контролирано движење“.
  • Се активираат активностите во паркот кои заради оваа одлука беа одложени: маркирање во приватен имот, сеча на приватни лица во државна шума и други активности одложени заради истата одлука.
  • Без дозвола посетителите можат да го напуштат асфалтот и да го посетат паркот во внатрешноста на паркот.

НАПОМЕНА:

Останува:

  • Забраната за палење на оган на отворен простор во паркот освен на двете места наменети за тоа односно излетничките места на мв. Јадера и мв. Корита кои се уредени за тоа.
  • Забраната за палење на стрништа во приватните имоти.

ЈУНП Галичица им соопштува на сите кои имаат поднесено документи за маркирање во приватен имот дека од Понеделник ќе ги засили своите активности како би се овозможило истите навремено да ги завршат активностите околу снабдувањето со огревно дрво.