25/04/2024
Струга

Повредена жена во сообраќајка на локалниот пат во с.Лабуништа

На 23.07.2021 околу 14.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на локалниот пат во с.Лабуништа, струшко, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „нисан терано“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ш.И.(53) од с.Заграчани и патничко возило „застава“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Љ.П.(34) од с.Ложани.

Во незгодата, Љ.П. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струга. Увид извршила екипа од Полициската станица Струга.