20/06/2025
Охрид

Повреден 14-годишен параглајдерист кој удри во канделабра при слетување

На 07.06.2025 во 17:45 часот во СВР Охрид било пријавено дека во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при слетување со параглајдер, 14-годишник од Прилеп удрил во канделабра.

Малолетникот бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ Охрид каде му била укажана помош и биле констатирани телесни повреди.

Со малолетникот бил извршен службен разговор во присуство на неговиот татко и за настанот е запознаен Комитетот за истраги за возухопловни несреќи и сериозни инциденти.

Извршен бил увид.


WebOhrid / 08.06.2025 / СВР Охрид