Повреден мотоциклист на регионалниот пат Струга–Дебар

На 15.09.2020 во 19.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струга–Дебар, во с.Враништа, мотоцикл „хонда“, со струшки регистарски ознаки, управуван од Ѓ.З.(44) од с.Враништа, излетал од коловозот. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот К.Ш.(19) од с.Јабланица се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Струга. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Струга.