25/04/2024
Охрид

Повреден мотоциклист во сообраќајка на патот Кичево – Охрид

На 06.08.2018 година во 11:40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, пред с.Требеништа, се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „Кавасаки“ со скопски регистерски таблици управуван од С.Д. (36) од Скопје и патничко моторно возило “Џип“ со скопски регистерски таблици управувано од П.Ј.(36) од Скопје. Во незгодата возачот на моторциклот С.Д. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош од болницата „Свети Еразмо“ во Охрид бил пренесен во болницата „ Аџибадем Систина“ во Скопје. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.