19/04/2024
Струга

Повреден пешак на магистралниот пат Подмолје–Ќафасан

На 09.02.2021 во 13.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на магистралниот пат с.Подмолје–Ќафасан, во населба Теферич, патничко возило „фолксваген шаран“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Х.И.(77) од с.Радолишта, струшко, удрило во пешакот С.Ј.(71) од с.Радолишта. Во незгодата С.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“-Охрид. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Струга.