09/12/2024
Дебрца

Повреден работник при извршување градежни работи во атарот на Волино

На 13.11.2024 околу 12:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека, при извршување градежни работи во атарот на селото Волино, општина Дебрца, со повреди се здобил работникот З.Ѓ.(56) од Охрид.

Тој, со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

За настанот е известен Државен инспекторат за труд и безбедност при работа.


WebOhrid / 14.11.2024 / СВР Охрид