19/04/2024
Македонија

Повреден работник во фабрика во Кичево

Рано утрово околу 05 часот, во Итната медицинска помош во Кичево со повреди здобиени на работно место во фабрика во Кичево, донесен бил Д.М.(59) од Кичево.

Истиот, поради сериозноста на повредата, со медицинско возило е префрлен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид на понатамошно лекување.