16/04/2024
Охрид

Повреден возач на мопед на патот Охрид-Свети Наум кај Рача

На 17.09.2020 било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај населбата Рача, М.Б.(45) од Охрид, управувајќи мопед „кивеј“ паднал на коловозот. Во незгодата, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Охрид. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.