29/03/2024
Охрид

Повредена 76-годишна жена пешак откако охриѓанец со возило удрил во неа

На 14.12.2022 околу 19.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на крстосница на улиците „Никола Карев“ и „АСНОМ“ во Охрид, патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.Л.(71) од Охрид, удрило во Ж.Ѓ.(76) од Охрид.

Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид.