28/03/2024
Охрид

Повредена жена пешак на булевар „Туристичка“ во Охрид

На 06.10.2022 во 08.57 часот во СВР Охрид било пријавено дека на булевар „Туристичка“ во Охрид, патничко возило „рено“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(58) од Охрид, удрило во пешакот К.А.(82) од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.А., констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид.