19/04/2024
Струга

Повредена жена пешак во Струга

На 30.04.2019 година во 21:30 часот било пријавено дека во Струга на крстосницата од улицата „Владо Малески“ со улицата „Ѓуро Салај“ патничко моторно возило „Пасат“ со струшки регистарски таблици управувано од Џ.Ф.(45) од с.Мислодежда удрило во пешак В.Ж.(69) од Струга. Во незгодата В.Ж. се здобила со тешки телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.