Повредена жена во сообраќајка на крстосницата од ул.„7 Ноември“ со ул.„Марко Нестороски“

На 12.01.2020 во 08.55 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„7 Ноември“ со ул.„Марко Нестороски“ во Охрид се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рено“, управувано од Т.Ј.(53) од с.Волино, општина Дебрца и патничко возило „форд фокус“, управувано од В.Н.(32) од Охрид, двете со охридски регистарски ознаки.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „рено“ С.Ј., констатирани во болницата „Св.Еразмо“ Охрид. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.