29/03/2024
Охрид

Повредени две лица во сообраќајка на ул.„Илинденска“ во Охрид

На 20.08.2019 во 15.25 часот на улица „Илинденска“ во Охрид се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Мерцедес А170“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.С.(61) од Охрид и патничко возило „Опел зафира“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(23) од Охрид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила С.С., а со телесни повреди се здобил А.Н. по што биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.