16/04/2024
Струга

Повредени две малолетни лица во сообраќајка на патот Градско – Прилеп

Синоќа во 20:00 часот на магистралниот пат Градско – Прилеп, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Хјундаи“ со струшки регистарски ознаки управувано од Д.Д.(61) од Струга и трактор „ИМТ“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од Р.Р.(36) од Росоман, при што, со тешки телесни повреди се здобиле две деца на возраст од 12 и 15 години, сопатници кои се возеле со тракторот.

Повредените се пренесени во Општа болница Кавадарци. Извршен е увид на местото на настанот.