25/04/2024
Охрид

Повредени неколку лица во сообраќајна незгода во близина на Опеница

На 05.12.2021 година во 17:35 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на охридското село Опеница, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничките моторни возила „Тојота“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(61) од Битола, „Фолксваген Голф“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Н.К.(54) од струшкото село Делогожда и товарно возило „Ман“ со албански национални ознаки, управивано од М.К.(57) од Елбасан-Република Албанија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачите Т.П. и Н.К., како и сопатниците од возилото „Тојота“ К.П.(55) и Г.П.(40), двајцата од Битола, а со телесни повреди се здобил сопатникот од истото возило Б.М.(40) од Битола, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ и Општата болница во Охрид.

Увид на местото на незгодата изврши увидна екипа од СВР Охрид.