18/04/2024
Охрид

Повредени повеќе лица во сообраќајка кај превојот „Буково“

На 16.10.2022 во 13.30 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен, кај превојот „Буково“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „сузуки“, управуван од Д.Ѓ.(20) од Охрид, мотоцикл „сузуки“, управуван од Д.А.(21) од Охрид, двата со охридски регистарски ознаки, и патничко возило „поло“, со битолски регистарски ознаки, управувано од С.П.(59) од с.Бистрица, битолско.

Во несреќата, двајцата мотоциклисти се здобиле со тешки телесни повреди, додека Е.К.(19) од Охрид, сопатник на едниот мотоцикл, возачот на возилото „поло“ и сопатничките Л.Р.(49) и Т.П.(55), двете од Битола, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Изврше е увид на местото на несреќата.