19/04/2024
ДебрцаОхрид

Повредени повеќе лица во сообраќајна незгода помеѓу Мешеишта и Требеништа

Синоќа во 19:35 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу с.Мешеишта и с.Требеништа, дошло до судир помеѓу патничко возило „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Б. (36) од с.Мешеишта и патничко возило „Опел Мерива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.М. (41) од Скопје.

Од судирот со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото „Опел Мерива“, С.М.(61) и А.М. (66). Тие биле пренесени и задржани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Со телесни повреди се здобиле сопатникот во возилото „Опел Мерива“ А.Г.Г. (36) од Скопје, како и возачите на двете возила. По укажаната помош тие биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот изврши екипа од СВР Охрид.