20/04/2024
Струга

Повредени повеќе лица во сообраќајна незгода во Струга

На 27.04.2021 во 18.20 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на крстосницата од ул.„Владо Малески“ со ул.„Пабло Неруда“ во Струга се случила сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила „мерцедес“, и двете со струшки регистарски ознаки, едното управувано од Б.Б.(19) од с.Заграчани, струшко, а другото од Р.И.(59) од Струга.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште еден малолетен сопатник, констатирани во Медицинскиот центар Струга. Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Струга.