26/04/2024
Охрид

Повредени работници од „Проаква“ врз кои паднал товар од камион

На 01.12.2022 година во СВР Охрид е пријавено дека, во 08:40 часот на улицата „15 корпус“ во Охрид, од товарно моторно возило „Ман“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(60) од Охрид, испаднал дел од товарот што го превезувал врз паркирано возило „Шкода Ромстер“ со охридски регистарски ознаки, а потоа врз А.К.(39), У.А.(55) и М.Н.(50), сите од Охрид, вработени во ЈП „Проаква“, кои тука изведувале градежни работи.

Повредените се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде е констатирано дека А.К. и У.А. се здобиле со телесни повреди, додека М.Н. се здобил со тешки телесни повреди.

На местото на несреќата увид извршила екипи од СВР Охрид.


WebOhrid / 02.12.2022 / СВР Охрид