16/04/2024
Охрид

Повредено 15 годишно девојче при пад од мотор на улицата „Сирма Војвода“

На 27.05.2018 година во 16:45 часот на ул. „Сирма Војвода“ во Охрид, 15-годишно девојче од Охрид, управувајќи мопед „Ханг лонг“ со охридски регистарски ознаки, изгубилo контрола над мопедот и со истиот се излизгалo по коловозот.

Од падот девојчето се здобило со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош било пренесено во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.