Повредено едно лице во сообраќајка на патот Кичево-Охрид, кај Врбјани

На 26.09.2020 во 22.35 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај с.Врбјани, И.А.(52) од с.Грешница, управувајќи патничко возило „цитроен пикасо“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Во незгодата, сопатникот Ј.Е.(45) од с.Зајас, кичевско, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид извршила екипа од СВР Охрид.