Повредено едно лице во собраќајка на патот Охрид-Св.Наум

На 22.12.2019 во 00.05 часот на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, кај населбата Рача – Охрид, Ј.В.(35) од Охрид, управувајќи патничко возило „хјундаи гетс“, со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.
Во незгодата Ј.В. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Општата болница – Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.