29/03/2024
Охрид

Повредено лице со остар предмет на концерт во Охрид

На 31.07.2019 година во 01:30 часот на СРЦ „Билјанини Извори“ за време на одржување на концерт, забележано е повредено лице кое веднаш е префрлено во Општа болница Охрид.

По преземени мерки констатирано е дека се работи за 17 годишно лице од Скопје со евидентирани повреди од остар предмет. Се преземаат мерки за расветлување на настанот.