19/04/2024
Охрид

Повредено момче во Охрид за време на Новогодишната ноќ

На 01.01.2018 година околу 02:00 часот во кругот на ОУ „Братство и Единство“, лоцирано на ул.„7-ми Ноември“, непознато лице со остар предмет му нанело повреда на Д.Р. (20) од Охрид, во пределот на слабината (рана околу 7-8см).

Истиот е задржан на лекување во Клиничка болница Охрид. Се работи на расчистување на случајот.