28/03/2024
Охрид

Повторена јавна анкета и јавна презентација за детален урбанистички план за Урбана заедница 9

Согласно член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ“ бр. 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14) член 123 од ( Сл. Весник на РМ бр. 199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18) односно член 93 од Законот за урбанистичко планирање („Сл. весник на РСМ“ бр. 32/20) и Решението за организирање на јавна анкета и јавна презентација бр. 09-49/1   од 04.01.2021 год. Градоначалникот на општина Охрид дава

С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПОВТОРЕНА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА  УРБАНА ЗАЕДНИЦА 9, ДЕЛ ОД УРБАН БЛОК  9.1, ОПФАТ 2 – ДЕЛ 1,  ОХРИД НАЦРТ ПЛАН 2013 – 2023

  1. Просторот на планскиот опфат на Детален урбанистички план за УЗ 9, дел од УБ 9.1 – опфат 2 – дел 1, Охрид, општина Охрид е опфат со површина од 9.15 ха и тоа во граници на:
      • на север по оска на магистрална улица „Железничка“, дефинирана по постоен ГУП
      • на запад оска на собирна улица Пирин Планина“ дефинирана по постоен ГУП
      • на југ по оска на улица Крали Марко“ дефинирана по постоен ДУП, продолжува на север по оска на улица ,„Крали Марко” дефинирана по постоен ДУП, продолжува на исток по оска на пешачка и пристапни  улици и граница на градежни парцели дефинирани со постоен ДУП
  1. Јавната анкета ќе трае од 11.01.2021  25.01.2021 год.
  2. Јавната презентација ќе се одржи во Големата сала на општина Охрид на ден 20.01.2021 год (среда) со почеток во 12:00 часот.
  3. Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица планот ќе биде истакнат во холот на општина Охрид пред Големата сала за состаноци.
  4. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 12.00-14.00 во просториите на општина Охрид.
  5. Сите заинтересирани физички и правни лица, како и субјектите од членот 29 на горе цитираниот Закон за просторно и урбанистичко планирање можат да достават забелешки и предлози по нацртот на планот на анкетни листови додека трае јавната анкета до надлежниот орган кој е организатор на анкетата.

ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА  УРБАНА ЗАЕДНИЦА 9, ДЕЛ ОД УРБАН БЛОК  9.1, ОПФАТ 2 – ДЕЛ 1,  ОХРИД НАЦРТ ПЛАН 2013 – 2023