13/01/2026
Охрид

Пожар на патничко возило на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид

На 10.12.2025 во 22:35 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Карпош Војвода“ во Охрид настанал пожар на патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на Б.С.(38) од Охрид.

Повредени лица нема, а од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид пожарот бил изгаснат.

Увид извршија полициски екипи.


СВР Охрид / 11.12.2025 / фото: архива