29/03/2024
Струга

Пожар во хотелско-сместувачки комплекс во Радожда

На 28.02.2021 околу 13 часот во хотелско-сместувачки комплекс во струшкото село Радожда, сопственост на А.Ш.(47) од истото село, настанал пожар во кој изгорела кровната конструкција и целокупниот инвентар во три хотелски соби од комлексот.

Во гасењето на пожарот, најнапред интервенирало месното население, а по кратко време и територијалната против пожарна единица од Струга која целосно го изгаснала пожарот и спречила негово натамошно ширење.