19/04/2024
Струга

Пожар во нива во Вевчани

На 27.08.2021 во 15.10 часот во СВР Охрид, П.А.(65) од с.Вевчани пријавил дека околу 14,45 часот во с.Вевчани на место викано „Суво поле“ во нива со садници со лешник сопственост на фирма од с.Вевчани настанал пожар. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Струга. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Струга.