19/04/2024
Струга

Пожар во објект на нива во атарот на с.Д.Белица

На 07.09.2021 во 16.40 часот во Полициско одделение Велешта, Т.Ш. (65) од с.Д.Белица пријавил дека околу 16.00 часот настанал пожар во објект на нива во атарот на с.Д.Белица сопственост на Л.Ш.(31) од с.Д.Белица при што објектот со сено и околу 1 хектар трева бил опожарен.

Пожарот бил изгаснат од противпожарната единица од Струга. Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Струга.