Пожар во угостителски објект во Пештани, сопственикот пренесен во болница
На 24.10.2025 во 17:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во угостителски објект во охридското село Пештани, сопственост на А.П.(44) од истото село.
Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид и од сопственикот, кој вдишал чад и бил пренесен во Општата болница во Охрид за укажување помош.
Увид изврши екипа од СВР Охрид.
WebOhrid / 25.10.2025 / СВР Охрид
