19/04/2024
Охрид

Пожар во возило на охриѓанка

На 20.01.2020 во 23.50 часот, Д.С.(48) од Охрид, во полициска станица пријавила дека додека го управувала своето патничко возило „форд ка“ по бул.„Туристичка“ во Охрид, настанал пожар во предниот дел од автомобилот. Со интервенција на Територијалната противпожарна единица Охрид, пожарот е целосно изгаснат.