28/03/2024
МакедонијаОхрид

Познат редоследот на кандидатите за градоначалник на Охрид

Државната изборна комисија денес одржа јавна седница на која со ждрепка ги утврди редните броеви на гласачките ливчиња на кандидатите за Градоначалници на општините Охрид, Ново Село и Дебар.

Редните броеви 1 и 2 им припаднаа на ДУИ и на Алијансата на Албанците, партии кои немаат свој кандидат за градоначалник на Охрид.

Ова е редоследот на петте кандидати кои ќе се борат за градоначалничкото место во Охрид:

3. Стевче Стевоски од редовите на партијата Демократи;

4. Михаил Трендафилов – Нанче од редовите на Граѓанско Демократска Унија – ГДУ;

5. Митре Милошевски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ;

6. Џемал Мена од редовите на БЕСА;

7. Константин Георгиески од редовите на СДСМ.

WebOhrid