20/04/2024
Спорт

Познати четвртфиналистите во Купот на Македонија

Денеска беа одиграни натпреварите од 1/8 финалето од Купот на Македонија. Вардар, Македонија Ѓ.П, Пелистер и Струга Трим Љум по изведување пенали обезбедија место меѓу осумте најдобри екипи во куп натпреварувањето. Екипата на Шкендија беше убедлива во локалното дерби против Ренова, а актуелниот бранител на трофејот, тимот на Силекс беше подобар од Беласица во Струмица. 

КУП на МАКЕДОНИЈА – 1/8 финале: 

Академија Пандев – Македонија Ѓ.П.  4:5 по изведување пенали (1:1) 

Брегалница – Охрид 4:0

Пелистер – Работнички 5:4 по изведување пенали (0:0)

Шкендија – Ренова 5:0

Шкупи – Тиквеш 1:0

Струга Трим Љум – Борец 5:4 по изведување пенали (1:1)

Вардар – Скопје 4:2 по изведување пенали (0:0)

Беласица – Силекс 2:4