28/03/2024
Охрид

Познати добитниците на наградите од „Напишти стих – купи кафе“

Марина Икономова – Шокева, Лидија Стефановска и Доника Елмази се авторите на најдобрите три наградени творби од настанот „Напиши стих – купи кафе“.

По втор пат НУ Библиотека „Григор Прличев“, кафетеријата „Аквариус“ од Охрид и ФОН универзитетот по повод 21 Март – светскиот ден на поезијата го организираа овој настан кој предизвика лавина од позитивни коментари кај вљубениците во пишувањето.

Од големиот број стихови жирито ги одбра творбите на погоре споменатите авторки и реши да ги награди, се разбира со книги од богатата продукција на библиотеката и од автори кои се застапени во неа.

Авторите на наградените творби треба да се јават во библиотеката и да биде договорен денот на врачување на наградите.