28/03/2024
Охрид

Познати добитниците на наградите за најдобри поетски творби посветени на светите Кирил и Методиј

По завршувањето на распишаниот Општински награден литературен конкурс за поттикнување на творештвото на учениците од основните и средните училишта, Жири –комисијата во состав: проф.Славка Јанеска (претседател), проф. Кире Стојаноски (член) и проф.Христина Наумоска (член)  донесе одлука за избор на најдобрите  од вкупно пристигнатите 49 литературни творби  посветени на Охрид и животот и дејноста на светите Кирил и Методиј.

Жири –комисијата одлучи :

  • Првата награда во првата категорија – за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение)да  ѝ се додели на песната: „Браќата” под шифра „Апостоли”.
  • Втората награда во првата категорија – за  ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение) да ѝ се додели на песната: „ПЕСНА” под шифра:„ Ѕвездено небо”.
  • Третата награда во првата категорија – за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение)  да ѝ се додели на песната : „Свети Кирил и Методиј –просветители наши” под шифра „Ангели 305”.
  • Првата награда во втората категорија – за ученици од  предметна настава (од шесто до деветто одделение) да ѝ   се додели на песната:  „Св.Кирил и Методиј”  под шифра: „ Велосипед”.
  • Втората  награда во втората  категорија – за ученици од предметна настава (од шесто до деветто одделение)  да ѝ се додели на песната : „Живата реч над Охрид” под шифра: “Ростислав 2020”.
  • Третата награда во втората категорија –за ученици од предметна настава (од шесто до деветто одделение)да  ѝ се додели на песната : „Светите Кирил и Методија” под шифра:  „Дизниленд”.
  • Првата  награда во  третата категорија – за ученици во средно образование (од прва до четврта година) да  ѝ се додели на песната:  „Светите Кирил и Методиј –наши први учители” под шифра: „Потомци”.
  • Втората награда во третата категорија – за ученици  во средно образование од прва до четврта година) да ѝ  се додели на песната:   „Словенска писменост” под шифра:„ 120804”.
  • Третата награда во третата категорија – за ученици во средно образование од прва до четврта година да  ѝ се додели на песната: „Кирил и Методиј “под шифра:  „Ананас 1”.

Се повикуваат добитниците на наградите да дојдат во Одделението за култура во општина Охрид во текот на утрешниот ден, најдоцна до 12.00 часот  и со себе да го понесат четвртиот примерок од творбата со која конкурирале  за да го докажат своето авторство.

Наградените творби ќе бидат објавени на официјалната страна на Општина Охрид на 24-ти Мај –Денот на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј.