16/04/2024
Охрид

Пратеникот Лазе Таневски е позитивен на коронавирус

Пратеникот од Охрид, Лазе Таневски е позитивен на коронавирус, објави вечерва на својот ФБ профил.

„Почитувани пријатели,

Сакам да ве информирам дека поради приватно неодложно патување, самоицијативно направив тестирање на КОВИД 19. За жал, и покрај почитувањето на сите мерки и протоколи од моја страна, истиот е позитивен.

Воедно сакам да ве известам дека членовите од моето семејство се тестираа и сите се негативни.

Јас се чувствувам добро и немам никакви симптоми. Мерката за изолација ќе ја испочитувам како и сите други граѓани на нашата земја.

Со сето ова кажано чувствувам голема одговорност уште еднаш да упатам апел до сите и да ја нагласам сериозноста на вирусот и можноста за зараза со молба да бидете максимално внимателни.

Со желба за побрзо оздравување и позитивни мисли Ве поздравувам. Се гледаме наскоро“, напиша Таневски.