29/03/2024
Охрид

Предавање „Безбедноста на децата во сообраќајот“ во ОУ „Св.Наум Охридски“ Пештани

На тема „Безбедноста на децата во сообраќајот“, денеска Одделението за превенција при СВР Охрид одржа предавање во Oсновното училиште „Св.Наум Охридски“ во Пештани.

Темата беше посебно адаптирана за учениците од прво и второ одделение и се одржи низ интензивен проактивен однос со најмладите. Во рамките на денешната сообраќајна едукација, на најмладите им беше презентиран практичниот тематски дел за безбедно движење по коловозот при нивното движење од домот до училиштето.