29/03/2024
Охрид

Предавање од д-р Јадранка Бибан „Во кујна наместо во болница“

Утре во 11:00,  во Охрид ќе се одржи предавање од д-р Јадранка Бибан „Во кујна наместо во болница“.

Храната е силен лек, но само ако правилно се употребува. Човечкото тело има способност за самозаштита и самоизлекување, доколку е во согласност со природните принципи на исхрана според тоа како што го дизајнирала природата.

Д-р Јадранка Бибан е еден од првите доктори на нашиве простори кои отворено проговорија за значењето на исхраната во превенција и лекување на современите хронични болести. Таа укажува на неопходноста исхраната да го заземе централното место во лекување на хроничните болести, како што се бројни кардиоваскуларни болести, хормонски пореметувања, автоимуни и дегенеративни болести, карциноми, состојби на дебелина, болести на дигестивниот тракт, анемии, алергии и многу други дијагнози.

Ваквиот пристап кон исхраната веќе станува практика во многу познати и признати клиники ширум светот.

Д-р Јадранка Бибан е специјалист по гинекологија и акушерство, експерт и едукатор за превенција и лекување на болестите со храна и со здрави животни навики. Таа е еден од практикантите и поддржувачите на таканаречената „Медицина – Животен Стил“ .

Во текот на март и април ќе се организираат викенд работилници за здраво готвење, и јога часови за витално стареење.

Оваа активност е дел од под-проектот „И старите можат“ кој е спроведуван од Локалната агенција за развој до Струга која е членка на Мрежата Инклузива М за социјална инклузија на старите лицата од трета доба во Република Македонија од 2016 година. Под-проектот се спроведува во рамки на Регионалниот проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица” поддржан од од Европската унија, со финансиска поддршка на Австриската агенција за развој и Австрискиот црвен крст, кој Црвениот крст на РМ во Македонија го спроведува во заедничко партнерство со здружението Хуманост.