Предизборен Велигден

Пости тешки со сув леб и вода,

па тоа го јадеме и преку цела година,

Се оддалечивме од религијата,

и се посветивме на партијата.

За политика очи си копаат двајца,

а в џеб пари ни за шаблон јајца.

Држава јака – народ бос,

не гледаме подалеку од нашиот нос.

Сè уште го бараме Тито,

а ништо не функционира без мито.

Граѓаните очајни не ги држи место,

иако избори се случуваат често.

Најдобро ќе биде да оставиме простор

и да му се помолиме на Господ.

Ден Велигден пред нас стои,

да заборавиме бар миг на избори!

В.Б. (2011)

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.