26/04/2024
Охрид

Предновогодишна Импровокација во Народен Театар Охрид

Во сабота (30 декември) на репертоарот на Народен Театар Охрид ќе се одигра театарската импровизација – Импровокација со актерите Стрезо Стаматовски и Никола Тодороски, подпомогнати од “совеста” на шоуто Филип Жура и музичарот Никола Јосифоски.

Ова е репертоарски последната претстава на театарот во календарската 2017 година.

Картите во продажба се пуштени до денес (25 декември) точно на пладне, во Музичка Продавница Зизи Топ.

Цената изнесува 150 денари и 200 денари на денот на шоуто. Исто така, карти може да се резервираат и на телефонскиот број 075283066 од 11.00-15.00 часот.