13/01/2026
Дебрца

Прекин на водоснабдување во Волино (11.12.2025)

📅 Датум: 11.12.2025 (четврток)

⏰ Време: од 11:00 часот до завршување на активностите.

ЈП за комунална дејност „Дебрца“ ги информира жителите на с.Волино дека ќе има неколкучасовен прекин на водоснабдувањето.

Причината за прекинот е техничко поврзување на главната водоводна цевка (од пумпна станица „Св.Еразмо“) со доводната цевка за с.Волино. Оваа активност е дел од проектот за дислокација на водоводниот цевковод, кој се реализира поради градежните работи на автопатот Кичево-Охрид, на територијата на општина Дебрца.