28/03/2024
Охрид

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици во Охрид

Поради настанат дефект на водоводната мрежа на дел од улицата „АСНОМ“ денес има прекин во водоснабдување на следните улици: „АСНОМ“( на делот од ул.„Туристичка“ до езеро), „Партизанска“, „Јане Сандански“ (на делот од улицата „Партизанска“ до езеро), „Кеј Македонија“ , „Славеј Планина“ и „Спас Банџов“.

Исто така поради друг дефект настанат на улицата „Дејан Војвода“ има прекин во водоснабдување на улиците „Дејан Војвода“ и дел од „Абас Емин“ . Екипите на МЈП Проаква се на терен и ќе работат се до отстранување на дефектите.