Прекин во водоснабдувањето на ул „Дејан Војвода“, дел од „Стив Наумов“ и „Кленоец“

Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 08:00 до 13:00 часот ќе има прекин во водоснабување на улицата „Дејан Војвода“ и на дел од „Стив Наумов“, а поради давање на приклучок за Автобуската станица ќе има прекин во водоснабдување на улицата „Кленоец“ до 14:00 часот. Екипите на МЈП Проаква Струга РЕ „Водовод“ Охрид се на терен и ќе работат се до завршување на активностите.