23/04/2024
Охрид

Прекин во водоснабдувањето на улицата „Абас Емин“ во Охрид

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека денес поради настанат дефект на водоводна линија на ул.„Абас Емин“, ќе има прекин во водоснабдувањето на оваа улица.

Прекинот ќе биде во период од 08:30 часот до 10:30 часот. Екипите на МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектот.