29/03/2024
Охрид

Прекрасен настап на младите од Црвен крст Охрид на градскиот плоштад

Уште еден прекрасен настап имаа младите на Црвен крст Охрид.

Денес на градскиот плоштад „Климент Охридски“ во рамки на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“ тие го изведоа музичко-сценскиот перформанс PHV-SHOW со кој преку глума, пантомима и музика ги промовираа културните вредности и испратија порака за хуманост, толеранција и мир.