18/04/2024
Охрид

Премиера на претставата „БААЛ“ во Охрид

Во Националната установа Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид / Народен Театар Охрид, ќе се одигра нова премиера на претставата „БААЛ”- Бертолт Брехт, во режија на Андреј Цветановски.

Во претставата играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Јасмина Билаловиќ, Адријана Билаловиќ Тодороска, Дамјан Цветановски, Стрезо Стаматовски, Биљана Билаловиќ Вељаноска, Павел Маслов
Филип Кипровски, Тони Денковски.

Претпремиера: понеделник 4-ти декември во 20:00 часот. Премиера: вторник, 5-ти декември во 20:00 часот. Картите за двете претстави се веќе пуштени во продажба, по цени од 200 денари за претпремиера и 300 денари за Премиера.

Претставата БААЛ која е во режија на Андреј Цветановски, кој за своето ново театарско остварување ќе рече:

„Нашиот Баал е приказна за борбата на поединецот со маските на општеството, битка со лицемерието и лажните морални вредности, но и дуел со самиот себе си, со својот внатрешен глас, со сите разговори со својата совест 5 минути пред да си легнеме. Конфликтот на најголемиот антијунак со својот човек во себе, судирот меѓу нагонот и рациото на отфрлениот во општеството“.

Сценографијата на претставата ја изработи Сергеј Светозарев, костимографијата ја потпишува Милена Пантелеева, музички композитор е Димитар Андоновски, а дизајнот на светлото е на Милчо Александров.