29/03/2024
Охрид

Премиера на претставата „Балканска“ 3 а/2 на охридскиот народен театар

Во понеделник на 3-ти јуни на малата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“ од 20:00 часот ќе биде изведена претставата „Балканска“ 3а/2 од Дејан Дуковски. Цената за билет чини 250 денари.

Претпремиерата на претставата ќе се одигра в недела, 2-ри јуни, од 20:00 часот, а цената чини 200 денари.

Претставата е во режија на  Ана Батева, сценографија/костими: Борис Георгиев, музика: Стефан Здравески.

Во неа играат: ИЛИЈА – Стрезо Стаматовски, МИРНА – Елизабета Стефановска, АРСЛАН – Филип Кипровски, ПОТСТАНАРОТ – Никола Тодоровски.

„Балканска 3а/2“ е црна комедија во која недостатокот на човечност во човекот е нормална појава, а човековата отуѓеност од современиот свет е секојдневие;

„Балканска 3а/2“ е трилер кој има за цел да ни покаже антиопштествени форми на однесување, кои освен што го изветоперуваат социјалното функционирање на едно општество, го загрозуваат и неговото постоење;

„Балканска 3а/2“ е слика на апсурдот на нашето време, а оттаму и комичен приказ на денешното живеење.